Француски суд осуди 12-годишно момче: Виновен е бидејќи го бранел тероризмот

Од:

12-годишно момче е прогласено за виновно затоа што бранел тероризам на Интернет, објави денеска Пол-Едуар Лалуис, државниот обвинител од градот Монбелијар на истокот на Франција.

Активностите на интернет на ова момче, кое снимило повеќе од 1.700 видеа со пропаганда или сцени на масакр, го привлекле вниманието на француските власти, пишува парискиот весник Фигаро.

Од декември 2023 година, момчето објавило повеќе од 1.700 пропагандни видеа или сцени на масакри извршени од џихадисти на интернет и ги споделил преку неколку шифрирани апликации за комуникација, рече обвинителот на прес-конференција.

За време на речиси четиричасовното затворено рочиште пред судијата за малолетници, момчето признало дека се заинтересирало за исламот и потоа пристапило до порталите за отворени дискусии Discord и Telegram.

„Тој можеше да учествува во дискусиите за радикалниот ислам и ни објасни неколку пати дека е регрутиран“, прецизираше обвинителот, кој најави отворање постапка против момчето на почетокот на јули.

Со оглед на неговата возраст, момчето, кое живее во францускиот град Сошо, тогаш не можело да биде ставено под судски надзор, но му се изречени привремени законски мерки пред изрекувањето на кривичната санкција, која ќе биде изречена за седум месеци, прецизираше обвинителот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Израел ги налути сојузниците: Престанете да пукате на силите на Обединетите нации

Катерина Ѓуровски

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер