Двајца убиени во престрелка во близина на Штутгарт

Од:

Вчера во утринските часови имало пукање во Шорндорф кај Штутгарт. Според првите полициски информации, мажот пукал во двајца роднини, а потоа се самоубил.

57-годишен маж го преживеал обидот за убиство со повреди опасни по живот, додека 48-годишна жена и 60-годишниот убиец починале, јавуваат германските медиуми.

„Во 11:34 часот била повикана брза помош поради тешко повредена жена во станбена зграда во Шорндорф кај Штутгарт. Полицијата и брзата помош биле повикани од двајца членови на семејството кои дознале за инцидентот“, извести полицијата.

На терен излегле 28 полициски возила и еден хеликоптер. Уште еден повреден маж бил пронајден во соседниот град со повреди опасни по живот, а со спасувачки хеликоптер бил пренесен во болница.

Полицијата претпоставува дека убиената е роднина на 60-годишниот сторител. Портпаролот на полицијата не кажа точно каква е врската меѓу двете жртви и насилникот. Мотивот допрва ќе се утврдува, а истрагата е во тек.

Би можело да ве интересира

Осум осомничени за престрелката и убиството во Чаир

40 тела на луѓе кои биле мачени до смрт од режимот на Асад се најдени во болница во Дамаск

Израел: Три лица се убиени во напад на полициско возило на Западниот Брег

Горан Наумовски

Исламската држава ја презеде одговорноста за нападот во Германија

A1on

Уапсено 15-годишно момче за нападот во Германија во кој загинаа три лица

A1on

(ВИДЕО) Пукотница на Универзитетот во Лас Вегас, американските медиуми јавуваат за повеќе жртви

Горан Наумовски