Двајца службеници на германското Министерство за економија под истрага за можни шпионски активности

Од:

Германското Министерство за економија побарало од националната разузнавачка агенција да изврши проверка на двајца високи функционери во Министерството, осомничени за шпионски активности за Русија, објави „Ди Цајт“.

Истрагата германското разузнавање ја покренало поради загриженоста изразена од страна на високопоставени функционери во Министерството за економија.

Лондонски „Гардијан“ пак пишува дека двајца државни службеници на германското Министерство за економија го привлекле вниманието на нивните колеги покажувајќи „симпатии кон руските ставови“ по прашања од областа на енергетската политика, вклучително и одлуката за блокирање на гасоводот „Северен тек 2“ што требаше да доставува гас од Русија до Германија.

Информациите укажуваат дека посочените функционери се „емотивно блиски со Русија“, но властите сè уште немаат цврсти докази за шпионски активности или корупција.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Падни пред нозете на Американците и капитулирај

САД подготвуваат резолуција за Украина: ЕУ ја смета за контроверзна, Русите ја сметаат за одлична

Украина: Русија сака да прогласи победа на 24 февруари

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

Шпионска афера во Полска, оставка поднесе шефицата на полското Биро за борба против корупција

Ројтерс: Русија би можела да и предаде на Украина замрзнати средства во вредност од 300 милијарди долари