Двајца руски навивачи добија три и 10 години затвор за убиство на Еуро 2016 во Франција

Од:

Судот од Буш-ди-Рона ги осуди руските навивачи Михаил Ивкин и Павел Косов на три и 10 години затвор, кои беа прогласени виновни за насилството врз англиски навивач во Марсеј, кој почина за време на насилните инциденти на маргините на натпревар од Европското првенство во 2016 година.

Михаил Ивкин, кој беше притворен од февруари 2018 година, треба да биде ослободен „до крајот на неделава“, а неговата казна е речиси опфатена со претходната мерка привремен затвор во очекување на судењето, изјави неговиот адвокат Жулиен Пинели. Павел Косов, сепак, ќе оди в затвор.

На двајцата, исто така, им беше забрането влегување на француска територија во траење од 10 години.

Пресудата, изречена по четиричасовно одлучување, е помалку строга од бараните казни. Во петокот, јавниот обвинител побара „меѓу 14 и 15 години“ затвор за Косов, максимум за намерно насилство што резултираше со трајна попреченост. И „не повеќе од пет години“ за Ивкин.

Би можело да ве интересира

Го убиле и го запалиле телото за да му украдат 6000 денари, притвор за браќата од Луке

Катерина Ѓуровски

Ѓорчевски: Во моментот кога го одземале животот на Вања, го одзедоа и мојот живот

Предраг Петровиќ

Уапсени за убиството во селото Луке, двајца го ликвидирале и запалиле соседот

(ВИДЕО) Сестрата на Теодора: Само две години за тој што ја уби, колку вреди животот во Македонија

Блокиран град во Германија, поставени барикади, се бара опасен убиец: Пронајдени три тела во куќата

Тројца мажи од кривопаланечкото село Луке убиле соселанец, па го закопале во дупка