Двајца Палестинци загинаа во два одделни инцидента

Од:

Еден Палестинец е убиен денеска во судири со израелската армија во Појасот Газа, а негова сонародничка загина при напад со автомобил врз израелски граничари на Западниот брег.

Дваесет и две годишно момче било застрелано од израелски војници во близина на граничниот контролен пункт меѓу Израел и крајбрежната енклава, соопшти портпарол на палестинското Министерство за здравство.

Палестинка се обидела да удри со автомобил во израелски граничари во селото Силвад, на окупираниот Западен брег на реката Јордан. Тие навреме ја забележале и отвориле оган.

Би можело да ве интересира

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски

Белата куќа се противи на палестинската државност

Словенија и Шпанија: Ќе ја признаеме Палестина

ВИДЕО: Израелци палат возило, војската ги чува

Предраг Петровиќ

Во Каиро преговори за примерје во Газа

А1он

Можно примерје ако Израел ги прифати условите на Хамас

А1он