Двајца израелски раазузнавачи признаа дека ја шпионирале Лаура Кодруца Ковеши

Од:

Двајцата претставници на приватната израелска фирма за разузнавање „Блек Кјуб“, обвинети за шпионажа на директорката на романската антикорупциска агенција, ја признаа вината, објави „Романија либера“.

Во април годинава Дирекцијата за истрага на дела на организиран криминал и тероризам ги приведе израелските државјани Рон Вајнер и Давид Гецлович под обвинение дека ја шпионирале главната обвинителка на Националната дирекција за борба против корупцијата Лаура Кодруца Ковеши со цел да ја компромитираат.

Првото судско рочиште за Вајнер и Гецлович закажано е за 7. ноември во Букурешт.

За истот дело обвинети се уште тројца шпиони – Дан Зорела, Ави Јанус и Јоси Беркштајн, кои во моментот се во Израел, а во Романија беше обвинет и е во притвор поранешен вработен во Романската разузнавачка служба Даниел Драгомир.

Би можело да ве интересира

Трамп му се закани на Хамас

Нетанјаху: Израел не го прекрши договорот за прекин на огнот со Хамас

А1он

Терористички напад во Израел: Еден напаѓач пукал, друг бодел со нож

Горан Наумовски

Израел ја блокира целата хуманитарна помош за Газа

Израел се согласи со американскиот план за прекин на огнот во Газа за време на Рамазан

Во Романија пронајден руски дрон со експлозив

А1он