Израел ја блокира целата хуманитарна помош за Газа

Од:

Израелската влада го запре влезот на сета хуманитарна помош во Појасот Газа по истекот на првата фаза од прекинот на огнот со Хамас, соопшти кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

Како што наведоа, Хамас одби да го прифати предлогот на американскиот претставник Стив Виткоф за привремено продолжување на прекинот на огнот. Портпаролот на Хамас ја нарече одлуката на Израел „евтина уцена“ и „удар на договорот за прекин на огнот“, повикувајќи ги посредниците да извршат притисок врз Израел да продолжи со испораката на помош за жителите на Газа.

Хамас бара втората фаза од договорот да се спроведе во согласност со претходните договори, кои вклучуваат размена на заложници и палестински затвореници и повлекување на израелските сили од Газа. Во петокот навечер, Хамас рече дека нема да се согласи со продолжување на првата фаза без гаранции од САД, Катар и Египет дека втората фаза навистина ќе биде спроведена.

Би можело да ве интересира

Усвоен предлог-закон за намалување на платата на пратениците кои нема да го означат Хамас како терористичка организација

Херцог: Израел ја брани Европа од џихадистички бран

„Њујорк тајмс“: Мосад киднапирал ирански генерали и ги мачел за да ја открие судбината на Рон Арад

Ајзенкот го обвини Нетанјаху за поттикнување кампања против арапските граѓани на Израел

Најмалку шестмина загинати во израелски напад врз болница во Газа

Нетанјаху: Влада на национално единство сè уште е можна