Израел се согласи со американскиот план за прекин на огнот во Газа за време на Рамазан

Од:

Израеч ќе го прифати предлогот на Стив Виткоф, претставник на американскиот претседател Доналд Трамп, за привремен прекин на огнот во Газа за време на Рамазан и Пасха, соопшти рано утринава кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, неколку часа по истекот на првата фаза од претходно договорениот прекин на огнот.

На првиот ден од предлогот на Виткоф, половина од заложниците во Газа, и мртви и живи, ќе бидат ослободени, соопшти кабинетот на Нетанјаху. Во соопштението се додава дека преостанатите заложници ќе бидат ослободени откако ќе се постигне договор за траен прекин на огнот.

Виткоф го даде предлогот за продолжување на сегашниот прекин на огнот, разбирајќи дека е потребно повеќе време за да се постигне договор за траен прекин на огнот во преговорите, се вели во соопштението.

Портпаролот на Хамас Хазем Касем денеска изјави дека ја отфрлаат израелската „формулација“ за продолжување на првата фаза од прекинот на огнот во Газа, но не го спомна експлицитно планот на Виткоф.

Кабинетот на Нетанјаху објави дека Израел веднаш ќе влезе во преговори за планот Виткоф, доколку Хамас се согласи со нив. „Според договорот, Израел може да се врати на борбите по 42-от ден, доколку оцени дека преговорите се неуспешни“, се вели во соопштението од кабинетот на Нетанјаху, во кое се обвинува Хамас за прекршување на договорот. Двете страни меѓусебно се обвинуваат за прекршување на договорот.

Договорот за прекин на огнот постигнат на 15 јануари стави крај на 15-месечните борби и овозможи размена на 33 израелски заложници и пет Тајланѓани за околу 2.000 палестински затвореници и притвореници. Ова требаше да доведе до разговори со кои ќе се постигне договор за прекин на огнот. Преговорите за прекин на огнот се во тек, неодамна во Каиро, но договор не е постигнат.

Би можело да ве интересира

Израел не одобри распоредување на меѓународни сили во Газа

„Фокс њуз“: САД за сè беа известени однапред

Горан Наумовски

Палестински медиуми: Доселениците запалија земјиште и каменуваа жители на Западниот Брег

(ВИДЕО) Нова ескалација на Блискиот Исток: Израел нападна воен аеродром во Сирија

Кушнер и Нетанјаху четири часа разговараа за Газа, САД сакаат да го тестираат Хамас

Иран прогласи „воена и политичка победа“ над Израел и САД