Два дена до референдумот за независност на Каталонија: Барселона тврди дека тој ќе се одржи, од Мадрид соопштија дека нема да дозволат

Од:

Каталонската влада денеска соопшти дека референдумот за независност ќе се одржи, додека властите од Мадрид истакнаа дека тој ќе биде спречен. На два дена пред одржувањето на референдумот останува неизвесно што ќе се случува оваа сабота на североистокот на Шпанија.

– Се е подготвено. За повеќе од 2000 гласачки места има материјал за референдумот, кутии и се што е потребно за слободно изразување на волјата на граѓаните, рече каталонскиот претседател Карлес Пучдемон во интервју за „Ројтерс“.

Потпретседателот на каталонската влада, Ориол Хункерас на конференција за медиумите изјави дека гласањето ќе се одржи и покрај најавите за затворање на училиштата.

Референдумот е закажан за недела, 1. октомври, кога 2.315 гласачки места треба да се отворат во 9 часот.

Во Каталонија беа испратени 4.000 полицајци од Шпанија, откако Уставниот суд на Шпанија го забрани референдумот. Тие се приклучија на веќе присутните 5.000 припадници на шпанската цивилна заштита и на каталонската полиција од 17.000 регионални полицајци. Нивна задача во недела ќе биде да ги држат затворени школите и просториите кои што каталонската влада планира да ги користи за референдумот.

Портпаролот на шпанската влада, Ињиго Мендез де Виго, изјави дека референдум нема да има.

– Членовите на каталонската влада ќе одговараат пред правната држава. Ќе одговараат лично и со имотот пред судот, истакна тој.

Шпанското обвинителство уште од претходно го има обвинето Пучдемон за незаконско користење на јавни финасии за организација на референдумот, а полицијата во изминатите денови запленуваше промотивен материјал и гласачки ливчиња.

– Не е важно што ќе се случи со мене. Доколку ме затворат ќе дојде некој друг на моето место, рече Пучдемон.

Приврзаници на независноста на Каталонија „окупираа“ денеска неколку училишта во Барселона кои се одредени да бидат места за гласање на спорниот референдум за независност на таа шпанска покраина.

Тие окупирале школи за да обезбедат одржување на референдумот. Според локални медиуми, окупирани се две училишта во центарот на Барселона.

Од друга страна, „платфромата на училишта отворени за референдумот“ објави на Твитер фотографии од неколку „окупирани бирачки места“.

Би можело да ве интересира

Се повеќе антитуристички протести во Шпанија

Шпанија до јули ќе ја признае Палестина

Шпанската полиција упадна во Шпанскиот фудбалски сојуз, уапси најмалку шест лица

Горан Наумовски

Шпанскиот парламент донесе одлука за амнестија на организаторите на референдумот во Каталонија

(ВИДЕО) Петгодишно момче, неговиот татко и баба загинаа во пожар во Шпанија

ВИДЕО: Mоментот кога пожарникарите спасуваат двајца луѓе од запалената зграда во Валенсија

Катерина Ѓуровски