Дуда ги повика граѓаните на Полска да дадат предлози за новиот Устав

Од:

Претседателот на Полска Анджеј Дуда ги повика своите сонародници да направат предлози за содржината на новиот Устав на земјата, што ќе го замени сегашниот што е усвоен во 1997 година.

Дуда наведе дека граѓаните на Полска можат да испраќаат предлози во следните 12 месеци до неговата канцеларија и до локалната самоуправа со цел да биде распишан референдум во ноември 2018 година.

– Предлозите треба да бидат дискутирани на регионални средби на социјалните групи и ќе бидат вклучени во основата на десетте прашања кои ќе бидат поставени на референдумот, објасни полскиот претседател.

Дуда ја покрена иницијативата за нов Устав во мај годината, со што видно се зголеми рејтингот на неговата партија Право и правда.

Полскиот претседател истакна дека сегашниот Устав на Полска е „привремен“ и оти има недостатоци и не е соодветен за зрела демократија.

Дуда нагласи дека очекува луѓето да се изјаснат по прашањата, дали основниот закон треба да обезбеди бесплатно образование и здравство и за тоа какви да бидат надлежностите на државните институции.

Би можело да ве интересира

Полски министер за одбрана: Полјаците се огорчени кога гледаат млади Украинци во кафулињата

Горан Наумовски

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Полска: Претреси на неколку локации кои се дел од истрагата за наводна руска шпионажа

Горан Наумовски

Пијан провалил во козметички салон во Полска и заспал, го разбудила полицијата

(ВИДЕО) Тепачка, солзавец и шок бомби: Полициска пресметка со земјоделците во Варшава

Полска: Подготвени сме да го браниме НАТО од секаков напад