Државната безбедност на Берлускони им плаќала на мафии

Од:

Клаудио Фава, пратеник во италијанскиот парламент обелодени дека во времето кога Силвио Берлускони беше премиер на Италија, постоел таен договор според кој агенти од државните безбедносни агенции им плаќале на шефовите на мафиите за информациите кои тие им ги давале.

Како што пренесе „Асошиејтед прес“, Фава кој што е и потпретседател на Комисијата на италијанскиот парламент задолжена за борба против мафијата, открил дека судиите кои во тоа време го истражувале организираниот криминал во Италија не знаеле за таа пракса.

Инаку соработката со шефовите е опишана и во документ, кој што го составиле лидерите на згаснатата безбедносна агенција „Sisde“ и националната Управа за затвори.

Пракасата за плаќање на мафијата која се одвивала во периодот помеѓу 2003 и 2007 година е обелоденета откако италијанскиот премиер Матео Ренци во јули ја отстрани ознаката за доверливост од тој документ.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Италија бара од Гугл една милијарда евра неплатени даноци

Извлечени уште 14 тела по бродоломот на мигрантскиот брод кај Калабрија

(ВИДЕО) Расправија и тепачка во италијанскиот Парламент

Семејство со три деца со автомобил падна во море, лекарите се борат за животите на мајката и синот

Серија земјотреси во околината на Неапол

ВИДЕО: Надојдена река однесе тројца млади во Италија, им се губи секаква трага