Државата Њујорк плати 69 милиони долари за респиратори што никогаш не пристигнале

Од:

Државата Њујорк плати 69 милиони долари за респиратори на човек без никаква медицинска позадина, откако тој му напишал на Твитер на претседателот, Трамп и работната група за коронавирус во Белата куќа го препорачала како продавач.

Респираторите никогаш не пристигнале.

На 27 март како што коронавирусот започнал да се шири низ САД, Трамп ги повика Форд и Џенерал Моторс на Твитер „Веднаш да започнат со правење респиратори“.

Јарон Орен Пинс, електро инженер од Сан Франциско, вратил на твитот на Трамп: „Ние можеме да го снабдиме Одделот за здравје со респиратори, инвазивни и неинвазивни. Некој нека ме побара веднаш“.

Њујорк, три дена подоцна уплатиле сума од 69,1 милион долари на Орен Пинс за 1.450 респиратори, три пати повеќе од стандардната цена на современите модели.

Државен службеник истакна дека стапиле во контакт со Орен Пинс, на директна препорака од работната група за коронавирус од Белата Куќа.

Се уште не е јасно кој точно ја овластил препораката.

– Ниту јас ниту мојата компанија нема да го коментираме ова, изјави Орен Пинс.

Њујорк го раскина договорот со компанијата и се обидува да ги врати парите.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија