Дроновите што ја „нападнаа“ Полска можеби биле оштетени или ја изгубиле контролата, изјави Трамп

Од:

Дроновите што го нарушија полскиот воздушен простор можеби биле оштетени или ја изгубиле контролата, изјави американскиот претседател Доналд Трамп.

Полска соопшти дека 19 дронови влегле во нејзиниот воздушен простор на 10 септември, обвинувајќи ја Москва за провокација и тестирање на капацитетите на НАТО.

Високи претставници на ЕУ, вклучувајќи ја и министерката за надворешни работи Каја Калас, го нарекоа инцидентот намерно кршење на полскиот воздушен простор.

Во интервју за „Фокс њуз“, Трамп рече дека нема потврда дали станува збор за грешка или за намера. Трамп посочи дека дроновите биле предмет на електронско блокирање.

„Знаете, не можам да кажам дали станува збор за грешка. Не требало да бидат таму, тоа е јасно. Најголемиот напад врз дрон денес е да се онеспособи, а потоа тие да паѓаат насекаде“, рече американскиот претседател, додавајќи дека е многу разочаран од инцидентот.

Коментарите на Трамп се разликуваат од претходните изјави оваа недела кога посочи дека инцидентот можеби бил грешка.

Полскиот премиер Доналд Туск повтори дека не станува збор за грешка, додека министерот за надворешни работи Радослав Сикорски рече дека секој што се сомнева во наративот на Варшава се однесува како автор или соучесник на руската пропаганда.

Официјална Москва посочува дека беспилотните летала што се користат за напади врз воени цели во Украина немаат доволен дострел за да стигнат длабоко во Полска, наведувајќи дека тоа би можело да биде „лажен инцидент“ организиран од Киев со цел да се вовлече НАТО во директна конфронтација со Русија.

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, изјави дека Полска одбива да соработува во истрагата и фактите презентирани од руската војска, што покажува дека Варшава не е заинтересирана за вистината.

„Ова е уште еден елемент на широка информативна кампања насочена кон демонизирање на Русија, мобилизирање дополнителна поддршка за режимот во Киев и поткопување на политичкото решение за украинскиот конфликт“, нагласи Захарова.

Би можело да ве интересира

Полскиот претседател го обвини Зеленски: Не ја цените доволно нашата помош за Украина

А1он

Трамп одобри воен буџет од над 900 милијарди долари за фискалната 2026 година

Трамп потпиша указ за ублажување на федералните регулативи за медицинска марихуана

ВИДЕО: Ја спасил државата и економијата, за сите проблеми е виновен Бајден – Трамп и се обрати на нацијата

ВИДЕО: „Поспаниот Џо Бајден беше убедливо најлошиот претседател“ – Трамп си постави нови плочи за бившите претседатели

Катерина Ѓуровски

Карлсон: Трамп вечерва би можел да ѝ објави војна на Венецуела

Горан Наумовски