Дрогата ќе го проголта светот

Од:

Меѓународната заедница не успеа да ја намали понудата на хероин, кокаин и канабис, бидејќи цената на овие наркотици значително се намали во последните години. Во новата студија на „Бритиш медикал журнал“, утврдено е дека цената на кокаинот и канабисот е пониска за повеќе од 80 отсто, а оти во исто време чистотата на дрогата е поголема.

Студијата е изработена врз основа на податоците на седум владини програми за следење на ситуацијата на пазарот на нелегални супстанци, меѓу кои се програмата за следење на меѓународната трговија со дрога, но и на пазарите на САД и Австралија.

Од 2000 до 2010 година во Австралија цената на кокаинот опаднала за 14 отсто, а хероинот за 49 отсто. Во тој период е забележана поголема заплена на канабис и хероин (465 отсто), додека заплената на кокаинот е преполовена. Според податоците на ОН, од шверцот со дрога годишно во светот се заработуваат 350 милијарди долари.

Би можело да ве интересира

Приведени двајца кумановци за поседување дрога

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Карабињерите запленија 2.700 килограми кокаин, скриен во керамички банани

МВР: Уапсени се двајца дилери од Прилеп, пронајдена е дрога и пушка

Претрес во Кичево, пронајдена дрога, приведени двајца дилери

А1он

Претрес во Мала Речица, пронајдена е дрога

Горан Наумовски

Уапсен дилер од Штип, кај него пронајдена дрога и голема сума пари

Горан Наумовски