Дресовите на НБА супер ѕвездата Мајкл Џордан и на на поранешниот американски претседател Барак Обама достигнаа рекордни суми на аукција оргнаизирана вчера на Беверли Хилс. Дресот на Џордан со број 23 од сезоната 1984 кога потпиша за Чикаго беше продаден за 320.000 долари. Дресот на Обама од гимназиските денови достигна цена од 192.000 долари што е највисока сума за дрес од средно училиште.
Обама е познат по големата пасија за кошарката. Во последното биографско дело напиша дека морл да престане да го тренира тимот на неговата ќерка бидејќи родителите на противничките тимови се жалеле да поради него екипата има не фер предност.
На аукцијата беше продаден и дресот на Леброн Џејмс од перидот во Кливленд за 128.000 долари како и дрес на НФЛ ѕвездата Колин Кеперник кој во 2016 година стана симбол на борбата за расна еднкавост кога клекна при интонирањето на американската химна.