Бројот на загинати во земјотресот кој ги погоди Турција и Сирија надмина 8.700 лица. Се очекува бројот да се зголемува бидејќи мултинационалните спасуваќки тимови продолжуваат со акцијата за извлекување на луѓето кои се под урнатините. На 40 илјади луѓе досега се регистрирани како повредени.
Информациите за мрвти и повредени многу потешко стигнуваат од Сирија. Во земјата уништена од 12-годишната војна инфраструктурата е е уноштена, а здравствениот систем е немоќен пред напливот на жртвите и повредените. Од сирија постојано стигнуваат апели за помош, но ситуацијата ја компликува и тоа што погодениот регион е под контролна на буновничките сили.
Градежен инженер ги повика спасувачите во Турција и Сирија да не губат надеж бидејќи може да се најдат преживеани неколку недели по земјотресот. Претседателот на непрофитната организација Miyamoto Global Disaster Relief, Кит Мијамото, ја пофали заедницата во Турција која работи на спасување на луѓето.
„Тоа е планинска област која е прилично широка и влијае на 10 милиони луѓе. Ниту една влада не може да го стори тоа сама. Мора да има меѓународна поддршка“, додаде Мијамото.