Драстично зголемен бројот на убиства во Салвадор

Од:

Бројот на убиства во централноамериканската држава Салвадор значително е зголемен во текот на оваа година, покажуваат податоците на салвадорскиот Институт за судска медицина.

Од јануари до октомври оваа година во земјата биле убиени 5.614 лица, што претставува зголемување за 77,6 проценти во однос на лани, кога имало 3.161 убиство.

Само во октомври годинава во оваа мала држава со население од 6,3 милиони жители, биле извршени 676 убиства или поточно во просек по 22 убиства на ден.

Речиси половина од жртвите или 49 проценти, се млади лица на возраст од 15 до 29 години.

Најголем дел од убиствата се извршени од страна на криминални групи кои се борат за контрола на територии.

Според салвадорските власти, криминалните банди во земјата имаат околу 72.000 членови, од кои 13.000 се во затвор.

Би можело да ве интересира

Салвадор погоден од земјотрес со интензитет од 5,5 степени по Рихтер

Ана Ололовска

Тројца загинати откако се урна салвадорски воен авион во Пацификот

Ана Ололовска

Претседателот на Салвадор сам си се нарече диктатор

Ана Ололовска

Биткоинот стана официјална валута во Салвадор

Во здружена полициска акција во Централна Америка уапсени над 700 криминалци

Ана Ололовска

Политичка криза во Салвадор

Ана Ололовска