Драматична ситуација во Париз: Запалени се автомобили, властите ги укинуваат автобусите и трамваите

Од:

Нови немири започнаа попладне во Париз, на третиот ден од протестите по полициското убиство на тинејџер во француската метропола.

Демонстрантите фрлаат камења кон полицијата. Запалени се и автомобили.

Немирите се очекува да продолжат и во вечерните часови.

Француската телевизија BFMTV објави дека автобусите и трамваите ќе бидат суспендирани во парискиот регион од 21 часот по локално време.

Ова уследи по барањето на претседателката на регионот Ил-де-Франс, Валери Пекрес.

Пекрес се огласи, велејќи дека одлуката е донесена за „да се заштитат корисниците на јавниот превоз“.

Таа додаде: „Нашата сообраќајна мрежа нема да биде мета на насилници и хулигани“.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Големо невреме на Алпите, загинаа татко и син кои помагале во спасувањето

Серија напади на затвори во Франција, властите велат ова е тероризам

Нова истрага против Марин Ле Пен

Русија: Франција и Обединетото Кралство подготвуваат планови за воена интервенција во Украина

Франција на граѓаните им испраќа и „прирачник за преживување“ во случај на војна

Бела куќа: Апсолутно е невозможно САД да ја вратат Статуата на слободата во Франција