Драма на брод во Шпанија: Србин со часови држел заложници, еден убил

Од:

Шпанската полиција уапси група осомничени шверцери на кокаин во Атлантскиот Океан на брод кој пловел од Јужна Америка.

Еден од нив, од српска националност, застрелал и убил сонародник шверцер, кој потоа го фрлил во морето, а останатите осум лица ги зел како заложници, соопшти денеска шпанското МВР.

Како што пренесуваат шпанските медиуми, Србинот со часови држел заложници на брод полн со кокаин.

Ројтерс јавува дека ситуацијата со заложниците на бродот „Sea Tomato“ во Атлантскиот океан случајно ја открила шпанската полиција, откако започнала акција за заплена на дрога врз основа на претходно добиена пријава за пратка од околу 2,3 тони кокаин која требало да биде префрлен од Латинска Америка на помал брод во близина на Канарските Острови.

„За да ја преземе контролата над бродот, киднаперот наводно пукал во едно од лицата и подоцна го фрлил неговото тело во морето. За помалку од 12 часа, екипа за интервенција пристигнала на точката во Атлантикот каде што се наоѓал чамецот и по неколкучасовни преговори на отворено море, успеале да го уапсат киднаперот и останатите осум членови на екипажот“, пишуваат медиумите.

Сите кои биле на бродот потоа биле приведени, а кокаинот, кој бил пронајден во скриена преграда на бродот, бил запленет.

Би можело да ве интересира

Хамас објави видео со живи заложници

САД: Повеќето од заложниците кои ги држи Хамас се мртви

Мажот од Пенсилванија кој уби три лица е забарикадиран со заложници

Горан Наумовски

Заложничка драма во Бразил, двајца се тешко ранети

Горан Наумовски

Убиен e Иранецот кој држеше заложници во Швајцарија

Горан Наумовски

Хамас ослободи заложници