Доверливи информации во компјутерот на љубовницата на директорот на ЦИА

Од:

Во компјутерот на љубовницата на поранешниот директор на ЦИА Пола Бродуел кој и беше одземен од домот, пронајден е голем обем на доверливи информации. Содржината се анализира, и се проверува како информациите дошле до неа, јавуваат американски медиуми.

Поранешниот директор на ЦИА Дејвид Петреус беше принуден да даде оставка минатата недела откако беше откриено дека имал вонбрачна врска со својата биографка Пола Бродуел.

Таа тврди дека Петреус не е изворот на информациите пронајдени во нејзиниот компјутер.

Претседателот Обама одби да коментира за истрагата во однос на Петреус, но наведе дека според негови информации немало истекување доверливи информации.

Би можело да ве интересира

Уапсен актер откако силувал и малтретирал девојка: Му се заканува доживотен затвор

ВИДЕО: Олуите и торнадата во САД однесоа 23 жртви, 300 илјади луѓе без струја

Пет лица загинаа во торнадо во Ајова, десетици се повредени

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува