Доскорешниот европратеник Кохн-Бендит повика на поддршка за кандидатурата на Жан-Клод Јункер

Од:

Поранешниот европратеник и копретседател на групата на зелените во Европскиот парламент, Даниел Кохн-Бендит повика да се поддржи кандидатурата на Жан-Клод Јункер (Народни партии) за претседател на Европската комисија.

-Знаете, јас критикувам многу нешта кај Јункер, но во овој случај им препорачувам на европските пратеници да застанат зад него, изјави Кохн-Бендит за германскиот весник „Франкфуртер Рундшау“.

Поранешниот лидер на студентските протести во Франција во 1968 година во изминатите дваесет години беше европратеник под бајракот на Зелените.

-Им препорачувам на Зелените да му дадат мнозинство на Јункер. На овој начин можеби ќе еволуира европската демократија, вели Даниел Кохн-Бендит.

Кохн-Бендит има германско-француско потекло и во изманатите години беше една од главните фигури на Европскиот Парламент. Годинава тој не се кандидира на изборите.

По изборите за составот на Европскиот Парламент, почнаа преговори за нов претседател на Европската Комисија.

Луксембуржанецот Жан-Клод Јункер најдобро котира по победата на Народните партии, кои освоија 214 од вкупно 751 европратенички места.

Зелените располагаат со 52 мандати, а конференцијата на претседателите на политичките групи на ЕП се изјасни да му даде можност на Жан-Клод Јункер да создаде мнозинство во ЕП.

Би можело да ве интересира

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Стано: ЕУ очекува новите власти на Северна Македонија да продолжат со успешниот пристапен пат

ЕУ: Замрзнатите руски средства ќе се користат за воена помош за Украина

ЕУ постигна договор за користење на замрзнатите руски средства за воена помош за Украина

Писонеро: ЕУ очекува сите политички сили во Македонија да го поддржат напредокот на европскиот пат

Орце Костов

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија