Доналд Трамп пристигна во Брисел

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп вечерва допатува во Брисел, каде утре и задутре ќе присуствува на Самитот на НАТО.

На патот кон Брисел, Трамп преку Твитер одново побара од сојузниците од НАТО да ги зголемат буџетските средства наменети за одбраната.

– Многу земји од НАТО, кои би требало да ги браниме, не само што не ги почитуваат своите обврски од два отсто, кои и онака се малку, туку и со години не плаќаат. Ќе ги покријат ли тие трошоците на САД?, напиша Трамп на Твитер.

Трамп бара од членките на НАТО за потребите на одбраната да издвојуваат средства во висина од два отсто од своите БДП. Членките на Алијанста се обврзаа да започнат да издвојуваат по два отсто од своите БДП за одбраната до 2024 година.

Би можело да ве интересира

Поднесен предлог-закон: САД да се повлече и од Обединетите нации

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

Рокас: Напорите на САД за забрзување на евроинтеграциите се повеќе од добредојдени

Американците и Русите тајно се состанувале во Швајцарија со месеци, разговарале за Украина

Волц: Украина да го „намали тонот“, да ги замолчат критичарите

А1он

Лавров поднесе извештај: Почнуваме со нормализација на сите односи со САД