Долниот дом на полскиот Парламент го усвои спорниот закон за реформирање на Врховниот суд

Од:

Долниот дом на полскиот Парламент го усвои денеска спорниот закон за рефомирање на Врховниот суд.

Законот беше доставен од владејачката партија „Право и правда“. Тој треба да биде гласан и во Горниот дом на Парламентот.

Законот го поддржале 235 пратеници, 192 се изјасниле „против“, додека 23 биле воздржани.

Според полската опозиција законот ќе ја поткопа независноста на судската власт и демократијата во земјата.

Законот им дава контрола на политичарите, а не на судиите, врз највисоките судски инстанци на Полска. Претседателот ќе има надлежност да влијае врз работата на Врховниот суд и да назначува негови членови. Се предвидува разрешување од должноста на досегашните врховни судии, освен оние, кои се избрани од претседателот.

Новиот закон предизвика критики од страна на ЕУ и протести на улиците на Полска. Европската комисија вчера ја повика земјата да ги запре реформите на судскиот систем, упатувајќи закана за санкции без преседан.

Би можело да ве интересира

Полски министер за одбрана: Полјаците се огорчени кога гледаат млади Украинци во кафулињата

Горан Наумовски

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Полска: Претреси на неколку локации кои се дел од истрагата за наводна руска шпионажа

Горан Наумовски

Пијан провалил во козметички салон во Полска и заспал, го разбудила полицијата

(ВИДЕО) Тепачка, солзавец и шок бомби: Полициска пресметка со земјоделците во Варшава

Полска: Подготвени сме да го браниме НАТО од секаков напад