Долниот дом на британскиот Парламент го усвои законот за Брегзит

Од:

Пратениците во Долниот дом на британскиот Парламент го усвоија денеска нацрт-законот, со кој на Владата и се дава право да го активира членот 50 од Лисабонскиот договор.

Двата дома на британскиот Парламент денеска расправаа околу финалната верзија на владиниот закон за Брегзит, со чие усвојување се отвора патот за отпочнување на формалните преговори меѓу Лондон и Брисел за истапување на Велика Британија од ЕУ.

Долниот дом на Парламентот ги отфрли двата амандмани на нацрт-законот, поднесени од Домот на лордовите, кој сега треба да даде конечна согласност за текстот.

Станува збор за двата амандмани на законот, со кои се предвидува давање гаранции за останување во Велика Британија на државјаните на ЕУ кои веќе живеат во земјата, како и право на вето на Парламентот на финалниот договор на Владата со ЕУ со Брисел, со што тој практично би морало да биде одобрен од Парламентот пред започнување на процесот за Брегзит.

Тереза Меј и нејзините министри се противат на амандманите, тврдејќи дека тие се „непотребни“, дека и ги „врзуваат рацете“ на Владата во текот на преговорите и дека и го „скратуваат маневарскиот простор“ на премиерката.

Законот за Брегзит ќе биде комплетно усвоен ако за него се согласат и Долниот дом и Домот на лордовите

Во текот на денешната расправа прво гласаа пратениците во Долниот дом и бидејќи тие не ги прифатија двете промени на законот, што ги усвои Горниот дом, законот одново ќе биде вратен на разгледување пред лордовите, кои ќе треба да одлучат за тоа дали уште еднаш ќе гласаат за верзијата без амандманите.

Би можело да ве интересира

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

Велика Британија: Полицијата нуди 23.000 евра за помош за апсење на напаѓачот од Клепам

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бурата Иша ја погоди Британија, откажани летови, илјадници домови без струја

Хорор во Англија: Пронајдени четири тела во куќа во Костеси

А1он

Ковачевски: Со законот за рестриктивни мерки ќе бидат опфатени наши ентитети, санкционирани од САД и Британија

А1он

Кое оружје го користеа САД и Велика Британија за да ги нападнат Хутите

А1он