Долги разговори меѓу претседателите Макрон и Путин

Од:

За двајцата претседатели, Емануел Макрон и Владимир Путин, кои одбележаа 300 години од посетата на рускиот цар Петар Велики на Франција, беше прилика да отворат нов дијалог меѓу двете земји, замрзнат во последниве неколку месеци.

Големата изложба во замокот Версај, каде во 1717 година престојувал Петар Велики, беше прилика за импресивен пречек на Владимир Путин од страна на Емануел Макрон и пред се можност да се разговара за повеќе чувствителни прашања од меѓународната сцена: Сирија, Украина и Чеченија, со општ заклучок дека „примарните интереси на Русија и Франција ги надминуваат нивните разлики“

Конференцијата за печатот која започна дури по 17 часот со повеќе од еден час задоцнување, сведочи дека двајцата претседатели на првата средба очи в очи имаа што да си кажат, јавува дописникот на МИА од Париз.

Францускиот претседател Емануел Mакрон на заедничката конференција за печат со рускиот претседател Владимир Путин во Версај, предупреди дека „каква било употреба на хемиско оружје” во Сирија „ќе биде предмет на одмазда и на непосреден одговор” од страна на Франција.

Макрон, исто така, сака да го „зајакне партнерство со Русија” во борбата против тероризмот во Сирија. – Наш приоритет е борбата против тероризмот …. тоа е водечкиот принцип на акциите во Сирија и она што сакам, надвор од работа која ја правиме во рамките на коалицијата, е да можеме да го зајакнеме нашето партнерство со Русија, истакна Макрон.

Рускиот претседател, од своја страна, потврди дека приоритет е борбата против тероризмот

– Ние сме согласни дека борбата против тероризмот треба да биде приоритет. Емануел Mакрон предложи заедничка работна група за ова прашање. Убеден сум дека ако работиме заедно, ќе успееме да победиме против тероризмот , истакна Путин.

– Ние, исто така, разговаравме и за многу загрижувачкиот и опасен проблем со севернокорејската нуклеарна програма. Разговаравме за можните решенија за да се избегне ескалација на ова прашање, рече рускиот претседател.

Путин од Версај, одговарајќи на прашањата дали санкциите против Русија се плодни или предизвикуваат спротивен ефект, повика на укинување на економски санкции против Русија

– Санкциите против Русија не може да помогнат во решавањето на кризата во Украина. Потребно е да се укинат сите економски ограничувања против Русија. Само со заедничка работа можеме да донесеме мир во регионот, одговори Владимир Путин.

Макрон, исто така, ја појасни работата на странски новинари (особено руските) за време на предизборната кампања.

– Секогаш имав примерен однос со странските новинари. Раша Тудеј и Спутник не се однесуваат како медиуми, туку како органи за вршење пропаганда и лажна пропаганда, ништо помалку, вели Макрон. Францускиот претседател на овај начин го оправда одбивањето да акредитира новинари од Спутник и Раша Тудеј за време на неговата изборна кампања, со оглед дека, како што тој тврди, овие два медиуми ширеле невистини на негова сметка.

Путин претходно го негираше обвинувањата за руското мешање во француските претседателски избори.

– Ние не разговаравме (за обвиненијата за руското мешање во француските избори) со Емануел Mакрон. Лично, јас мислам дека тие се неосновани.

Што се однесува до Емануел Mакрон, тој изјави дека за ова прашање зборувал со Владимир Путин, кога го повикал за да му ја честита победата на 7 мај:

– Му кажав што имав да кажам, и тој ми одговори она што имаше да ми одговори. Јас сум прагматичен. Кога ќе кажам една работа, јас не се навраќам повторно на истата.

– Убеден сум дека примарните интересите на Франција и Русија ги надминуваат точките околу кои има разлики, рече рускиот претседател, истакнувајќи дека економските односи меѓу двете земји се одлични.

– Ниту една од 500 француски компании кои се присутни во Русија не го напуштиле овој пазар, и покрај настаните од последно време, објасни шефот на руската држава.

Во однос на билатералните односи, макрон потенцира дека дијалогот меѓу Русија и Франција никогаш не престанал и најави создавање на форум за дијалог меѓу граѓанските општства на Русија и Франција.

Прашањето за прогонот на хомосексуалците во Чеченија исто така беше опфатено, па Maкрон рече одека побарал од Путин да се расветлат апсењата и прогонот на хомосексуалците во Чеченија.

– Ние се согласивме да има исклучително редовно следење на тоа прашање. Јас ќе бидам многу внимателен за ова прашање, истакна претседателот на Франција.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Авион се запали при слетување во Анталија, сите 79 патници се безбедно евакуирани

А1он

Доколку Сеул му испорача оружје на Киев, ќе следи одговор на Москва, велат од руското МНР

А1он

Уништени повеќе од десет руски дронови кои ноќеска го нападнаа Киев

А1он

Путин потпиша нов закон, простени долгови секому што ќе се пријави да оди во војна

Москва не го признава Меѓународниот кривичен суд, реакција по налогот за апсење на Нетанјаху

Катерина Ѓуровски

„Шпигел“: Путин се заканува со нови напади