Документи на ЦИА за врбување на шпиони на УДБА

Од:

Едни од недостапните со децении документи на ЦИА и ФБИ, кои се дадени на увид на јавноста, даваат многу интересен увид во начинот на функционирањето на југословенскиот Државен секретаријат за внатрешни работи ДСЗУП, т.е. поранешната Управа за државна безбедност УДБА, како и Контра-разузнавачката служба КОС.

Се работи за телеграма од 28 септември 1956 година, која се бави со југословенските разузнавачки служби – со нивната организација и операциите.

Во телеграмата извор од Австрија, наведен под шифрата А-ИВ, на надлежните служби во САД се обидувала да го продаде својот неименуван пријател од Грац, за кој тврди дека е водач на југословенската имигрантска група во Австрија и западна Германија, како и дека води разузнавачка мрежа внатре на таа организација посветена на собирање на информации за југословенските разузнавачи кои оперираат на тоа подрачје.

Обука во Белград

Тоа лице, ги уверува надлежните на А-ИВ, има лични врски со луѓе во седиштето на ДСЗУП во Белград и може да биде многу корисно за покривање и пенетрација во југословенските разузнавачки служби, посебно во комбинација со мрежата на неговите веќе постоечки информатори, сите противници на комунистичкиот режим.

За да проценат шефовите дали им треба таков тип на лице, изворот А-ИВ потенцира дека неговиот пријател ќе состави извештај за југословенските тајни служби.

Извештајот на својот пријател изворот А-ИВ го проследил на 6 септември 1956 година. Во него тоа лице многу детално се бави со структурата и надлежностите на ДСЗУП и на КОС, како и со неговата елитна единица на која задача и била контрола на сите луѓе во ДСЗУП, но и шпионски операции во странство.

– Само Тито и Ранковиќ министерот за внатрешни работи, не се под контрола на таа единица – тврди пријателот на изворот А-ИВ и додава дека Одделот 10, една од најважните групи внатре во ДСЗУП има свои луѓе кои работат ундерцовер во секоја поголема фабрика или канцеларија во земјата.

Се прецизира дека највисоките функционери на КОС и ДСЗУП се обучувале на Сојузното централно училиште на државниот секретаријат за внатрешни работи во Белград. Нивната обука трае четири години, додека пониските функционери го посетувале Републичкото училиште или курсеви во одделните републики.

Две насоки на школување

– Поради недостиг на квалификувани агенти неодамна почнале со регрутирање на дипломци од правните училишта – тврди пријателот. Посебно го потенцира училиштето во Каменица, каде се обучуваат КОС-овци кои ќе работат во полицијата. Во нивната обука, тврди тој, освен домашни инструктори, користат и поранешни германски контра-разузнавачи кои таму ги држат како заробеници.

Во Каменица, тврди тој, постојат две насоки – дипломатски и внатрешни, на кои учат законодавство, детективска работа, контрола, користење на радио и приемници и полагаат за возење од сите видови на возила.

КОС и ССЗУП имаат три вида на соработници: информатори, агенти и резиденти. Информаторите треба да бидат доверливи и им се плаќа од случај до случај, додека агентите често се регрутираат меѓу режимот на непријателските лица на кои може да им се заканува не повеќе од пет години затвор. На нив, при регрутацијата, им се ветува дека ако ја одработат работата и ако се успешни во тоа, нема да се гонат кривично. Им се плаќа по исполнувањето на задачата и тие се инфилтрираат во опозициските редови.
Резидентите се избираат меѓу најлојалните членови на партијата и нивна задача е да собираат информаторите и да ги проследуваат извештаите секои 14 дена. Имаат цивилни работни места, значи заштитени се и често и самите не знаат за кого работат за КОС или за ДСЗУП.

Пред регрутирањето детално се проверуваат, а постојат и одредени правила. На пример, информаторот мора да биде добар комунист, не смее да пие алкохол и мора да биде подготвен да молчи, мора да има добар углед, да знае да пишува и чита и да има извонреден талент за памтење и следење.
За агентите во странство, пак, се наведува во извештајот, постојат малку поинакви правила. Тие се привлечени од високата плата или од дозволите да работат на црниот пазар.

Бегалски кампови

Агентите кои на пример се пратени во Австрија или Западна Германија, добиле точни упатства што треба да работат – да се запознаат со своето место на живеење, да ги лоцираат бегалските кампови и да ги контактираат придојдените со тоа што ќе дознаат се за нив.

– Мора да негираат дека знаат за ДСЗУП и КОС. Мора да се обидат да ги запознаат старите неинтелигентни емигранти и да дојдат во контакт со жени без парични средства, на пример до студентките – се наведува во извештајот.

Ако во односната земја влегле илегално, мора да најдат работа и да добијат документи, како и да стапат во контакт со конзулатот и да му даваат извештаи преку посредници – исклучиво студенти.

– Рокови за обавување на работата нема, освен во случај на киднапирање или ликвидација. Во тој случај, агентот не е вклучен директно, тој е задолжен за подготовка на точен план и ако е потребно да има фотографија од лицето кое ќе биде киднапирано или убиено. Случаите на киднапирање или убиство мора во секој случај да имаат лично одобрение од министерот за внатрешни работи Ранковиќ, бидејќи таквите задачи ги изведуваат специјално обучени лица – наведува во извештајот пријателот на изворот А-ИВ.

 

Јутарњи лист – Загреб

 

Би можело да ве интересира

ЦИА го предупредила Бајден во 2022 година дека Русија може да употреби нуклеарно оружје

Горан Наумовски

Поранешен службеник на ЦИА осуден на 40 години затвор

Горан Наумовски

(ВИДЕО) ФБИ почна истрага: Моден магнат со години силувал млади мажи и им ветувал кариера

Трамп ги предупреди Американците: Внимавајте, ФБИ ви испраќа тајни шпиони

ЦИА и Мосад разговараат за можни решенија за Газа

Катерина Ѓуровски

ФБИ го истражува градоначалникот на Њујорк, запленети се неговите телефони