„Дојче веле“: Конгресни избори – шанса за Демократската партија

Од:

Дојче Веле – Бон

Изборите за Конгресот на 6 ноември се најдобра шанса за Демократската партија да влијае на однесувањето на администрацијата на Трамп – пред следните претседателски избори кои се одржуваат за две години.

Надворешната политика имаше значајна улога во предизборната претседателска кампања во САД, а така би можело да биде и со изборите за Конгресот кои ќе се одржат во ноември, иако на индиректен начин.

-Изборите кои се одржуваат на средината на претседателскиот мандат обично се одраз на популарноста на претседателот, вели Тревор Трал од Универзитетот Џорџ Мејсон: – Надворешна политика на Трамп не е добро примена во американската јавност – и тоа имаше лош ефект на неговата популарност.

„Јавниот дискурс би се изменил“

И додека надворешната политика нема да биде клучна тема на изборите за Конгрес, резултатот од тие избори би можел на разни начини да се одрази на надворешната политика на Доналд Трамп. Ако демократите успеат на републиканците да им го одземат мнозинството во Сенатот, што не е многу веројатно, но не и невозможно, тоа би им дало можност да влијаат на надворешната политика. На пример, влијание врз начинот на Трамп на раскинување и склопување трговскитре договори кои се најважна ставка на политичката агенда на Трамп. И затоа поразот во Сенатот за Трамп и републиканците би бил вистински кошмар.

– Кога станува збор за јавниот дискурс тој битно би се изменил ако демократите ја преземат контролата над Сенатот, затоа што тие секако би започнале истражни постапки кои би се занимавале со спорните потези на администрацијата на Трамп, вклучувајќи ги и промените во законските одредби за имиграцијата, изјави Френсис Ли, професорка на Универзитетот во Мериленд.

Важните функционери ќе се сменат

Не само што имигрантската политика на Трамп ќе биде подложена на детално испитување, туку би била покрената и нова истрага во врска со обвиненијата дека Русија имала важна улога во претседателската кампања на Трамп. Ништо од тоа не би ја сменило насоката во која се движи надворешната политика на Трамп. Но нештата би станале многу посложени и на Трамп би му било потребно многу повеќе време да ги спроведува своите одлуки. Во некои случаи сигурно би морал да размисли и за тоа дали воопшто вреди да се вложуваат напори и дали можеби е сепак превисока политичката цена која би морал да ја плати за да оствари одредена надворешно- политичка цел. Овој пат, во Конгресот се менуваат и носителите на различни функции поврзани со надворешната политика. Републиканецот Ед Ројс, претседател на Одборот за надворешни односи во претставничкиот дом, ја напушта таа должност токму како и неговот пандан во Сенатот, републиканецот Боб Коркер. Пол Рајан, претседавач во Конгресот, кој има и клучна улога во конгресната надворешна политика, исто така најави дека веќе не сака да биде на таа должност.

Важно и поради пописот

Но во случај Демократската партија да презеде еден или обата дома на Конгресот, секако значително би се зголемило нејзиниото влијание на внатрешната политика. Американскиот Устав му овозможува на Конгресот многу поголемо мешање во внатрешната отколку во надворешната политика. Тоа, пред се, би бил крај на сите надежи на републиканците дека во целост ќе ја елиминираат здравствената реформа на Барак Обама.

Освен тоа успехот на демократите би го натерал Трамп кон нив да се однесува на многу поумерен начин. Тоа, бидејќи нивната согласност ќе му биде потребна при одлучувањето за работи кои изгледаат банално, но всушност се важни, како што е на пример кревањето на горната граница на државниот долг. Навистина таквите очекувања можеби се нереални кога станува збор за Доналд Трамп, бидејќи не би било никакво чудо кога тој, на пример, би го заострил тонот во намера да остави впечаток во јавноста и да ја сврти против Демократската партија.

Конгресните избори ќа имаат значење и за пописот на населението на САД, кој ќе биде спроведен во 2020 година. Всушност, врз основа на тој попис (секои десет години) се одредуваат изборните окрузи. А тогаш, во некои сојузни држави власта може да ги крои изборните окрузи по мерка на својата партија.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: САД градат пристаниште за достава на помош во Газа

Катерина Ѓуровски

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски