Договорено повлекување на тешкото вооружување од Источна Украина

Од:

Министерот за надворешни работи на Германија Франк Валтер Штајнмајер изјави дека Русија и Украина постигнале договор за постапката за повлекување на тешкото вооружување во Источна Украина.

Штајнмајер нагласи дека Русија и Украина постигнале согласност тешкото вооружување да биде повлечено 15 километри од демаркационата линија дефинирана со договорот во Минск постигнат во септември минатата година.

– Договорот постигнат по преговорите во Берлин доцна вчера претставува напредок, изјави Штајнмајер, но не и скок напред во напорите за постигнување мировен договор за Источна Украина.

Штајнмајер пред почетокот на состанокот со рускиот, украинскиот и францускиот министер за надворешни работи во Берлин, изрази надеж дека сите страни ќе преговараат конструктивно, со цел да се постигнат резултати.

Разговорите во Берлин, одржани во владина вила во близина на аеродромот Тегел, се четврти состанок чиј домаќин е Германија. Киев и Москва заемно се обвинуваат за неуспехот на спроведувањето на договорот за прекин на огнот, постигнат минатиот септември во Минск.

Според проценките на ОН во конфликтот во Источна Украина од април минатата година досега загинале вкупно 4.7000 лица. 

Би можело да ве интересира

ЕУ увезува руска нафта преку турските пристаништа

Ројтерс: Путин е подготвен да стави крај на војната во Украина, но има услов за тоа

Загриженост во Киев: Русија најде решение за моќното оружје на Украина

Горан Наумовски

Двајца цивили загинаа во украинскиот ракетен напад на Крим

ЕУ: Русија да ги заборави замрзнатите средства и по укинувањето на санкциите

Седум лица загинаа, а осум се повредени во пожар во московскиот регион