Договорено формирање на антитерористички форум во Југоисточна Азија

Од:

Четири држави од Југоисточна Азија, Австралија и Нов Зеланд денеска во индонезискиот град Манадо постигнаа договор за формирање форум за зајакнување на сораборката меѓу разузнавачките и безбедносните служби во борбата против тероризмот и екстремистичките закани во регионот.

Во соопштението од средбата на министрите што ги покриваат безбедносните ресори на Индонезија, Австралија, Брунеи, Малезија, Нов Зеланд и Филипините се наведува дека главна тема на собирот била борбата против тероризмот и заканите на џихадистичката група Исламска држава (ИД) во Југоисточна Азија,

Индонезискиот министер за безбедност Виранто по средбата изјави дека шесте земји се договориле за интензивирање на размената на информации и за соработка на полициските и разузнавачките служби во справување со безбедносните закани.

– Не можеме да молчиме затоа што тероризмот стана реална закана за човештвото. Ниту една земја не е поштедена од заканите и затоа со нив мораме да се соочиме заедно, додаде Виранто.

Тој порача и дека мора да се почитуваат мигрантските процедури со цел да се спречи слободно патување на екстремистите низ регионот.

Средбата во Манадо се одржува по минатомесечниот напад на припадници на ИД врз градот Марави во јужниот дел на Филипините, при што во неколкудневните борби со филипинските безбедносни сили загинаа над 600 лица.

Нападот на ИД во Марави ги зголеми стравувањата од опасноста од дестабилизација на регионот од страна на џихадистите, за кои се претпоставува дека покрај на Филипините имаат свои ограноци и во Индонезија и во Малезија.

Би можело да ве интересира

Уапсен сопственикот на Телеграм

Француски суд осуди 12-годишно момче: Виновен е бидејќи го бранел тероризмот

(ВИДЕО) Спречен е терористички акт во Австрија, уапсен млад маж од Македонија

Горан Наумовски

Седум лица се уапсени во Белгија поради планирање терористички напад

Во Париз: Автомобил усмрти едно лице, двајца се тешко повредени

Горан Наумовски

Петмина тинејџери обвинети за тероризам по нападот со нож во црквата во Сиднеј