Договорен е состанок меѓу Зеленски и Трамп

Од:

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во понеделник изјави дека наскоро ќе се сретне со американскиот претседател Доналд Трамп како дел од напорите за ставање крај на руската инвазија. „Се договоривме за состанок на највисоко ниво со претседателот Трамп во блиска иднина. Многу работи може да се одлучат пред Нова Година“, објави Зеленски на социјалните мрежи.

Украинскиот претседател ја откри најновата верзија на американскиот план за ставање крај на војната меѓу Русија и Украина, за кој преговараат Вашингтон и Киев со недели. Планот предвидува замрзнување на фронтовските линии и не нуди решение за најспорното прашање за териториите окупирани од Русија, кои сочинуваат повеќе од 19% од Украина.

За разлика од оригиналната верзија на документот што го составија Американците, новата верзија изоставува две од главните барања на Москва: повлекување на украинските сили од делови од Донбас кои сè уште се под нивна контрола и законско ветување од страна на Киев дека нема да се приклучи на НАТО. Затоа, Москва веројатно нема да се согласи со оваа нова верзија.

Запрашан за тоа, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, завчера посочи дека Москва „ја формулира својата позиција“ и одби да коментира за деталите. Вчера, портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, изјави дека напредокот кон завршување на војната е „бавен, но стабилен“.

Би можело да ве интересира

„Трамп е подготвен да ја заврши војната дури и ако Иран не го отвори Ормузскиот брег“

Зеленски: Сојузниците нè молат да ги запреме нападите врз руската енергетска инфраструктура

А1он

Трамп се заканува со тотално уништување во Иран: Сè ќе експлодира

Трамп: Голем ден во Иран, уништени се долго барани цели

Трамп: Сакам да ја земам иранската нафта, можеби ќе го освоиме островот Харг

Горан Наумовски

Украински дронови се урнаа во Финска

Катерина Ѓуровски