Зеленски: Сојузниците нè молат да ги запреме нападите врз руската енергетска инфраструктура

Од:

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вели дека сојузниците побараа од Украина да ги намали нападите врз руската енергетска инфраструктура поради глобалната криза со горивото.

Зборувајќи по посетата на голем број земји од Заливот, Зеленски ја пренесе пораката што ја доби.

„Добивме пораки од некои наши партнери во кои нè замолуваат да ги намалиме одмаздничките напади врз рускиот нафтен и енергетски сектор“, рече тој.

Во гласовна порака до новинарите, тој го разјасни украинскиот услов.

„Ако Русија престане да ја напаѓа нашата енергетска инфраструктура, ние ќе престанеме да ја напаѓаме нивната“, рече тој.

Тој не прецизираше на кои земји мисли, но САД ги ублажија дел од санкциите воведени врз руската нафта како одговор на зголемувањето на цените на енергијата предизвикани од војната во Иран.

Изјавата на Зеленски доаѓа по серијата украински напади од далечина врз рускиот енергетски сектор, особено клучниот терминал за извоз на нафта во пристаништето Уст-Луга во близина на Санкт Петербург.

Украинскиот претседател се обрати на медиумите по посетата на Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати, Катар и Јордан.

Би можело да ве интересира

Зеленски: Преговори меѓу Украина, Европа, САД и Русија се можни пред Божиќ

А1он

ВИДЕО: Зеленски откри детали за нападот на Кримскиот мост

(ВИДЕО) Зеленски: Онеспособивме повеќе од 55 отсто од руските капацитети за преработка на нафта

Катерина Ѓуровски

Бајден во мемоарите: Зеленски е каприциозен и тврдоглав, не покажува благодарност!

А1он

(ВИДЕО) Зеленски се надева на договор за прекин на огнот: Европски претставници ќе учествуваат во следната рунда преговори

(ВИДЕО) Зеленски и врачи орден за придонес во културата на поранешна манекенка на „Плејбој“

А1он