Доделена „Алтернативната Нобелова награда“

Од:

Наградата Right Livelihood, наречена „Алтернативна Нобелова награда“, беше доделена на церемонијата во Стокхолм, а меѓу победниците беше активистката за заштита на климата, Грета Тунберг.

Таа беше наградена за „инспирирање и зајакнување на политичките барања за итна акција за климатските промени, засновано на научни факти“, наведе жирито, кое ја доделува наградата.

Тунберг не можеше да присуствува на настанот, па во видео порака рече: „Борбата продолжува, ние никогаш нема да застанеме“.

Освен неа награди добија и активистката од Западна Сахара, Аминату Хаидар и бразилскиот активист Дави Копенава.

Четворицата добитници ќе добијат околу 94.000 евра.

Хаидар повеќе од 30 години се залага за независност на Западна Сахара, територија што Мароко ја окупира од 1975 година. Копенава, член на племето Јаномами, беше награден со организацијата Хутукара Јаномами за заштита на Амазонската прашума.

Четвртиот добитник на наградата е кинеската адвокатка Гуо Џианмеј, за нејзината „пионерска и упорна работа“ за правата на жените во Кина. Од 1995 година, таа и нејзините соработници обезбедија бесплатни правни совети на над 120.000 жени.

Би можело да ве интересира

Затворената иранска активистка Наргес Мохамади е добитничка на Нобеловата награда за мир

Норвешкиот писател Јун Фосе добитник на Нобеловата награда за литература

Научниците кои го овозможија развојот на вакцината против корона ја добија Нобеловата награда

Затворениот белоруски нобеловец тврди: Русија сака Украина да биде зависна диктатура

Горан Наумовски

Норвешкиот Нобелов комитет ја повика Белорусија да го ослободи годинешниот лауреат Бељацки

А1он

Сите овогодинешните нобеловци се противници на Путин и Лукашенко, со години ја критикуваат власта

А1он