Додека расте бројот на загинати мигранти во Средоземното Море, Италија прашува: Каде е Европа?

Од:

ДПА – Хамбург

И покрај огромните напори во операциите за пронаоѓање и спасување, бројот на загинатите при преминувањето на Средоземното Море продолжува да расте, со што расте и притисокот врз ЕУ да најде алтернативни начини за справување со кризата.

Во октомври 2013 година, кога 366 мигранти загинаа во близина на бреговите на Лампедуза. италијански остров на 100 километри од Тунис, лидерите од ЕУ ветија дека никогаш повторно нема да дозволат таква трагедија.

Од тогаш, централниот Медитеран се наполни со спасувачки екипи – првенствено од Италија, а потоа и од други европски држави, кои досега успеаја да ги спасат животите на стотици илјади луѓе.
И покрај тоа, мигрантите продолжуваат да се дават на тој најопасен морски пат во светот. Властите во Рим сега велат дека проблемот треба да се решава во самиот корен, во комбинација со помош за развој и безбедност, за да бидат сопрени мигрантите на слепо да си ги напуштаат своите домови.

– Нивното спасување во морето без стратегија за Африка не го решава проблемот. Ние навистина треба да им помогнеме кај нив дома, рече италијанскиот премиер Матео Ренци, во интервју за католичкиот весник „Авенире“.

Три дена претходно на средбата на највисоко ниво на Г-7 во Јапонија, Ренци изјави дека дури и делови од НАТО може да започат да ги спасуваат мигрантите во централното Средоземно Море, но потенцираше дека „морето е најлошото место за нивно спасување“.

Тој ги повтори барањата кон ЕУ да донесе Миграциски пакт за Италија – документ кој бара Унијата да одвои пари за африканските земји, како и квоти за работници, студенти и истражувачи, а во замена тие да ја заострат контролата на нивните граници.

– Или Европа ќе ги прифати тие предлози или ќе треба да го сториме тоа самите. Нема време за губење, рече за „Авенире“ италијанскиот премер жалејќи се на недостигот од европска визија за мигрантската криза.

– Ме поразува тоа што двајцата кои најдобро и мислат на Европа се граѓани на светот и не се Европејци. Мислам на претседателот на САД, Барак Обама, и на папата Франциско, рече Ренци.
Африканскиот план на Италија беше предложен во април како повторување на договорот ЕУ-Турција, кој драстично ги намали мигрантските текови во Грција, иако сега постои опасност турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган да не е подготвен да се придржува кон договореното.

Реакциите од европските престолнини и хуманитарните организации беа воглавно позитивни, но како што е вообичаено за ЕУ, промените во политиката се случуваат бавно, што ги предизвика жалбите од италијанската Влада дека се напредува многу бавно.

– Сите жртви кои ги вадиме од морето се доказ колку е далеку и колку доцни Европа во своите односи со африканските држави, рече минатата седмица италијанскиот министер за внатрешни работи, Анџелино Алфано, во Лече, јужна Италија.

И покрај тоа што се обидува да го смири јавното мислење дека Италија не е исправена пред вонредна ситуација, затоа што протокот на мигранти севкупно е стабилен во однос на минатата година независно од неговиот пораст во последните денови, Алфано повика на договор со Либија за сопирање на мигрантите.

Откако во 2011 година долгогодишниот либиски лидер Моамер Гадафи беше сменет со помош на НАТО, северноафриканската држава е во хаос – ситуација која им овозможи на трговците со луѓе да организираат патувања до Италија – и без контрола да го шират својот бизнис.

Според раководителот на локалниот органок на Меѓународната организација за миграции, Осман Белбеиши, во Либија има меѓу 700 илјади и еден милион бегалци, но „никој не знае колку од нив сакаат да стигнат во Европа“.

Но, и покрај повиците на Италија за итни акции, нема изгледи наскоро да се случи нешто такво: Мигрцискиот пакт веројатно ќе биде разгледуван на средбата на високо ниво на ЕУ на 28 и 29 јуни, но дури тоа да се случи и порано, во Либија не постои влада на која ќе и се верува, и со која ќе се преговара.

Хуманитарните организации одамна ланисраат друг предлог: да се отворат легални миграциски патишта преку воздушни мостови или редовни ферибродски врски, така што луѓето нема да си ги ризикуваат своите животи во потрага по азил или подобри еономски услови.

Карлота Сами, портпаролот на Високиот комесаријат на ОН за бегалци, која соопшти дека над 700 мигранти се удавиле за една седмица во Средоземното Море, на Твитер напиша: „Неделно пребројување на жртви. Морничава задача. Ќе сфати ли светот дека тие над 700 души заслужувале безопасно патување?“

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Карабињерите запленија 2.700 килограми кокаин, скриен во керамички банани

Пет работници загинаа во Палермо

(ВИДЕО) Триесетина повредени во несреќа на пристаниште во Италија

Горан Наумовски

Бројот на жртвите од експлозијата во хидроцентралата крај Болоња се зголеми на седум

Девојче од Србија е дрогирано и силувано во Рим

Еден од македонските туристи повредени во сообраќајката во Италија ќе биде опериран, другите се пуштени дома

Александар Тодески