Додека НАТО се расправа со Украина, Русија се зацврстува на Арктикот

Од:

Реонот на Арктикот се превора во нов фронт за конфликт меѓу Русија и Западот, оценува италијанскиот неделник „Панорама“.

– Кризата во Украина може да се смета како стратешка офанзива на НАТО и САД, но уште пред неколку години руските политичари, познати по својата далековидост, открија нов фронт за борба на влијание – Северниот пол, оценува весникот.

„Панорама“ посочува дека како последица на глобалното затоплување доаѓа до топење на мразот во реонот на Арктикот, што создава нови транспортни патишта, но и потенцијални нови извори на нафта и гас.

Според италијанскиот неделник, во такви услови додека НАТО и западните земји се преокупирани со кризата со Украина, Русија се повеќе ја зацврстува својата позиција во регионот на Арктикот.

– Москва веќе милтаризираше дел од регионот создавајќи база на својата Северна флота и модернизирајќи го аеродромот на островот Нова Земја, оценува „Панорама“.

Би можело да ве интересира

Русија распиша потерница по Зеленски

Катерина Ѓуровски

Русија: Украинците подготвуваат напад на мостот на Крим, Западот им помага, а одмаздата ќе биде погубна

А1он

Изгореа 20 станбени и комунални згради во југоисточната руска република Бурјатија

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија