ДНР ги обвини силите на Киев за користење фосфорна муниција

Од:

Вооружените сили на Украина користеле при вчерашниот напад на аеродромот во Доњецк фосфорна муниција, изјави министерството за одбрана на самопрогласената Доњецка народна република, пренесе ТАСС.

Според соопштението, фосфорна муниција експлодирала вчера на територијата на доњецкиот аеродром и најмалку еден борец загинал.

Претходно лидерот на ДНР Александар Захарченко изјави дека украинските вооружени сили користат забранета хемиска муниција во борбените дејствија.

Според него, по експлодирање на гранатите, истрелани врз стариот терминал, „се разнесува задушлив чад и мирис на сулфур и невозможно е да се дише“.

Би можело да ве интересира

Буданов: Ситуацијата во регионот Харков станува критична за вооружените сили на Уркаина

„Сандеј тајмс“: Камерон побарал од Доналд Трамп да го поддржи нацрт-законот за помош на Украина

(ВИДЕО) Шефовите на американската и украинската дипломатија јаделе пица во ресторан во Киев

Франција ќе достави дополнителна воена помош за Украина

Британски министер за одбрана: Лондон му дозволи на Киев да го нападне Крим со нашето оружје

Ново тело е пронајдено во урнатините на зграда во Белгород, бројот на жртви се искачи на 17