Дмитриев: Критичарите на американскиот план за Украина го саботираат мирот и профитираат од војната

Од:

Критичарите на мировниот план на САД во Украина го саботираат мирот предлагајќи нереални решенија и профитирајќи од војната изјави Кирил Дмитриев, претседател на Рускиот фонд за директни инвестиции (RDIF) и специјален претставник на рускиот претседател за инвестиции и економска соработка со странски земји, пренесува РИА Новости.

Портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит, изјави дека критичарите на американскиот план за решение во Украина, вклучувајќи голем број американски сенатори, немаат поим за што зборуваат и можеби профитираат од продолжувањето на конфликтот.

„Ливит ја разоткрива пристрасноста на критичарите на мировниот план на (американскиот претседател Доналд) Трамп за Украина: „целосно неразбирање на фактите“.

Многумина ги знаат фактите, но оние кои профитираат од војната не се само длабоката држава или воено-индустрискиот комплекс, туку и медиумите и оние кои го обликуваат јавното мислење.

Оние кои профитираат од војната го саботираат мирот предлагајќи нереални решенија, напиша Дмитриев на социјалната мрежа X, коментирајќи ја изјавата на портпаролката на Белата куќа.

Претходно, републиканската конгресменка Ана Паулина Луна изјави дека американските републикански сенатори се обидуваат да ја спречат американската администрација да постигне решение за конфликтот во Украина, бидејќи инвестирале пари во воено-индустрискиот комплекс, што, според неа, е грубо кршење на законот, пренесува Танјуг.

Како што денес објави „Фајненшл тајмс“, Републиканската партија во Конгресот на САД е поделена околу предложениот план на Вашингтон за решавање на украинскиот конфликт, при што некои конгресмени ја критикуваат иницијативата, а други ја бранат.

Би можело да ве интересира

Трамп: Иран не сака САД да ги нападне

А1он

ББЦ: Украинците се смрзнуваат, „животот во Киев е ужасен“

САД упатија предупредување до Русија

Дмитриев: Наводните врски на Епстин со Русија се обид да се спасат корумпираните либерали

Лавров: Судирот САД – Иран може да го запали Блискиот Исток

Зеленски: Има шанса за мир со Русија во следните 12 месеци