Директорот на ФБИ ја посочи Кина како противник број еден за САД

Од:

Најголема долгорочна закана за иднината на САД се актите на шпионажа и кражби од кинеската влада. Тоа го нагласи директорот на ФБИ во говор пред Институтот Хадсон во Вашингтон.

Кристофер Реј рече дека „Кина работи да стане единствена суперсила во светот со сите неопходни средства“.

Во речиси едночасовниот говор, директорот на ФБИ даде голема слика за кинеската интервенција, вклучително и економска шпионажа, кражба на податоци и пари и нелегална политичка активност, користејќи мито и изнуда за да влијае на американската политика.

„Сега стигнавме до точката кога ФБИ отвора нов случај за контраразузнавање, поврзано со Кина на секои 10 часа. Од речиси 5.000 активни случаи на контраразузнавање во тек низ целата земја, скоро половина се поврзани со Кина“, наведе Реј.

Директорот на ФБИ изјави дека кинескиот претседател Си Џинпинг води програма наречена „Лов на лисици“, насочена кон кинеските граѓани кои живеат во странство, за кои се сметаат како закана за кинеската влада.

„Зборуваме за политички ривали, дисиденти и критичари кои настојуваат да ги изложат масовните кршења на човековите права во Кина“, рече тој.

„Кинеската влада сака да ги присили да се вратат во Кина, а тактиките на Кина да го сторат тоа се шокантни“, рече Реј.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Србија и Кина напорно работеa за да ги развијат односите

(ВИДЕО) После серија моќни торнада, 50 луѓе затрупани во урнатините во Мичиген

Горан Наумовски

Америка ја прекина испораката на бомби во Израел

Кинескиот претседател Џипинг денеска во Србија

Стејт департмент: Ескобар не е сменет, ќе добие нова функција во рамките на редовната ротација

САД: Судири на пропалестински протести, приведени околу 300 студенти