Извршниот директор на Фајзер, Алберт Бурла, денеска објави дека е позитивен на Ковид-19 и дека има многу благи симптоми, пренесува „Ројтерс“.
Бурла (60) рече дека започнал со терапија со користење на антиковидовиот лек на компанијата „Пакловид“ и дека во согласност со јавно-здравствените мерки на претпазливост е во изолација.
– Уверен сум дека брзо ќе закрепнам – рече Бурла во соопштението.
Бурла прими четири дози од вакцината против ковид развиена од „Фајзер“ и нејзиниот германски партнер.
Неколку американски јавни личности беа позитивни на коронавирусот во изминатите неколку месеци, вклучително и американскиот претседател Џо Бајден и неговиот главен медицински советник, д-р Ентони Фаучи, потсетува „Ројтерс“.
Бајден помина повеќе од две недели во изолација во Белата куќа откако во два наврати беше позитивен на тестот за ковид-19.
Пакловид е лек за коронавирус кој се користи за лекување луѓе со висок ризик, како што се постари пациенти, пренесе Телеграф.рс.