Дипломатски раскол со Катар – зошто сега и кој би имал корист од тоа?

Од:

ДПА – Хамбург

Саудиска Арабија, Египет, Обединетите арапски емирати и Бахреин ги прекинаа координирано односите со Катар. Последна кон нив се приклучи Јемен, привремената влада на Либија базирана во Источна Либија, и Малдивски острови. Како аргумент за тој чекор беа истакнати врските на Катар со Иран и поддршката за исламистички организации. Агенцијата ДПА се обидува да даде одговор на прашањето зошто овој раскол настапува сега и кој ќе биде најголемиот победник од него.

Во пракса, меѓу Катар и неговите соседи од Заливот има пукнатини повеќе децении. Посебно меѓу Саудиска Арабија и Катар полемиката датира од 1995 година кога Хамад бин Халифа Ал Тани организираше некрвав преврат во Катар против татко му. Потоа тој беше емир до 2013 година. Тој преврат всушност беше отфрлен од Саудиска Арабија копја тврдеше дека тоа е извор на регионална нестабилност. Амбициите на Хамад Ал Тани да ја претвори малата, но богата земја во силен играч во регионот исто предизвикаа неспокој во Ријад. Со текот на годините неколку пати имаше спорови меѓу двете држави. Ријад често пати збпруваше за поддршката на Катар за бунтовници и неговите врски со Иран.

Неодамнешните изјави кои му се припишуваат на актуелниот емир на Катар, Тамим бин Хамад Ал Тани во поддршка на Иран кој е регионален противник на Саудиска Арабија, уште веднаш предизвикаа гневни реакции од страна на Ријад и од други земји од Заливот. И Доха кажа дека тие изјави на емирот биле фалсификувани и дека новинската агенција на Катар била хакната.

Во 2014, Саудиска Арабија, Бахреин и Обединетите арапски емирати ги повлекоа своите амбасадори од Катар како знак на спротивставување на она кое тие тогаш го нарекоа „катарско мешање во внатрешните работи“. Но подоцна истата година дипломатските односи беа повторно воспоставени. Тогаш спорот произлезе од поддршката на Доха на Муслиманското братство и за други исламски организации активни во регионот. Тоа не им се допаѓаше и на Ријад и на Каиро и го обвинија Катар за поддршка на терористички организации.

Според Гамал Гауад Султан, професор по политички науки на Американскиот универзитет во Каиро, постојат две веројатни интерпретации на координираното прекинување на врските со Катар од страна на неколку земји од Заливот. Прво, тој чекор е со цел да се изврши притисок врз Доха да прекине со поддршката за исламистите по американско-изсламската средба на врвот во Ријад минатиот месец и испратената порака за искоренување на тероризмот во регионот. Таа контратерористичка политика не може повеќе да ги толерира врските на Доха со исламисти и радикали, смета аналитичарот.

Друга интерпретација е дека прекинувањето на врските е одговор на средбата на катарскиот министер за надворешни работи со командирот на Иранскиот корпус на чуварите на Исламската револуција, Касем Сулејмани, за која се тврди дека се случила минатиот месец во Багдад.
Саудискиот аналитичар и член на саудискиот Консултативен совет, Ануар Ешки, ја исклучи можноста Катар да биде исфрлен од Советот за соработка во Заливот. Според него, Доха ќе се откаже од досегашните политики кои ги води, затоа што нема да може да ја истрпи изолацијата од страна на останатите земји.

Според Гамал Гауад Султан победник од одлуката за дипломатски раскол може да биде Египет. Каиро го обвинуваше Катар дека се меша во неговите внатрешни работи, како и во тие на земјите од регионот и дека поддржува исламисти, како на пример, Муслиманско братство. Сега регионалните сили застанаа на страната на Каиро.

Во однос на тоа зошто Оман и Кувајт засега не се приклучија кон потегот на останатите земји, одговорот може да биде дека тие гледаат да не го привлечат вниманието кога станува збор за нивните односи со Иран. Според Џемс Дорси, аналитичар на Блискоисточниот институт во Вашингтон, разликата меѓу Катар и Кувајт и Оман, е што Катар е, описно кажано, по директен, додека Оман и Кувајт се понедиректни и дека и двете земји не поддржуваат таков вид односи како Катар со исламисти и бунтовнилчки групи. Освен тоа, и двете земји сакаат да ја зачуваат отворена можноста за посредување.

Според Ануар Ешки, двете земји порано или подоцна ќе се приклучат кон одлуката за бојкот на Катар, затоа што прифатиле антитерористички обврски кои треба да ги исполнат.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: На барање од САД, Катар го протерува Хамас

Катерина Ѓуровски

Катар: Ќе продолжиме финансиски да ги поддржуваме нашите браќа и сестри во Палестина

ВИДЕО: Германскиот претседател го оставија половина час да чека на жешкото сонце во Катар

Катар: Копнената инвазија на Газа ќе има катастрофални последици за регионот

Катерина Ѓуровски

Откриено ново наоѓалиште на природен гас на Кипар

А1он

Европратениците усвоија Резолуција со која не се дозволува пристап на катарски лобисти до Европарламентот