Дипломати ја напуштија салата за време на обраќањето на Лавров во Женева

Од:

Претставници од Европа и други сојузници денеска ја напуштија салата за време на обраќањето преку видео врска на шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров на Конференцијата на Обединети нации за разоружување во Женева.

На видеото објавено на Твитер од француската делегација се гледа како десетици делегати ја напуштаат салата додека Лавров го започна своето обраќање преку видео врска.

Во твитот се наведува дека дипломатите излегоа од салата за време на изјавата на Лавров на Конференцијата за разоружување „за да ја покажеме нашата поддршка на Украина“.

Лавров пред Советот за човекови права на ОН истакна дека не присуствувал лично поради, како што рече, „срамните“ мерки на ЕУ кон Русија.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Лавров поднесе извештај: Почнуваме со нормализација на сите односи со САД

Заврши состанокот во Ријад, први реакции: Не е лошо, не е лошо

Катерина Ѓуровски

Во тек е состанокот меѓу САД и Русија во Ријад

Катерина Ѓуровски

Лавров: „Америка на прво место“ вознемирувачки наликува на слоганот на Хитлер

Лавров: Башар ал-Асад не успеа да ги исполни основните потреби на народот

А1он

Лавров: Оние што ќе ја ескалираат ситуацијата околу Украина ќе добијат „заслужена казна“

А1он