Дилеми во Индонезија по апелот исламските држави да го бојкотираат Израел

Од:

По одлуката на Организацијата за Исламска Соработка (ОИК) 57-те држави членки да одбегнуваат економска и политичка соработка со Израел, донесена на Самитот на ОИК минатиот викенд во Џакарта, во политичките и стопанските кругови во Индонезија се почесто се нагласува дека одлуката не била обврзувачка и дека бојкотот на соработката со Израел на Индонезија може да и нанесе штета.

Израел е голем снабдувач на Индонезија со производи од висока технологија и хемикалии, а од Индонезија најмногу се извезуваат сировини. Вредноста на размената драстично опаднала во последните две години, а лани била околу 194 милиони долари, со изразите дефицит на сметка на индонезиската економија.

Индонезија нема дипломатски релации со Израел, но освен средби на највисоко ниво контактите меѓу двете држави се чести. Политичкиот дијалог меѓу Џакарта и Тел Авив се поврзува со улогата на Индонезија во решавањето на палестинското прашање. Индонезија во рамките на Обединетите Нации, Движењето на неврзаните и во другимеѓународни организации раководи и ги координира напорите за целосно меѓународно признавање на Палестина. Дипломатијата од Џакарта е и творец на најновата Декларација на ОИК со која се бара потполно признавање на Палестина и нејзино рамноправно и праведно вклучување во меѓународната заедница.

Близок соработник на претседателот Јоко Видодо денеска дообјасни дека Индонезија треба да примени политички, а не целосен економски бојкот на Израел. Тој се надоврза на вчерашната изјава на влијателниот министер-координатор за безбедност и правда Лухут Панџаитан, кој изјави дека бојкотот на Израел треба да има опипливи докази, но додаде дека со целосен бојкот ќе им се наштети и на палестинските пријатели, бидејки дел од производите што би се бојкотирале се нивни производи. 

Би можело да ве интересира

Одрон во близина на илегален рудник во Индонезија, загинаа 12 лица

Лава и поплави ја погодија Индонезија, најмалку 37 загинати

Горан Наумовски

ВИДЕО: Вулканот Руанг повторно еруптираше, прогласено е највисоко ниво на тревога

Вулкан еруптираше пет пати за 24 часа: Се прават итни подготовки за евакуација на 10.000 луѓе

ВИДЕО: Еруптираше вулкан во Индонезија, стотици евакуирани

Катерина Ѓуровски

Двајцата пилоти заспале за време на лет во Индонезија, во авионот имало 153 патници