Девојка се удави спасувајќи го помладиот брат од езеро во Италија

Од:

Ана Лоренци, 20-годишна жена од Верона, се удавила вчера во езерото Гарда на северот на Италија додека се обидувала да го спаси својот 14-годишен брат, пишува италијанската агенција Анса.

Трагедијата се случила во градот Корно. Ана, 14-годишниот брат и 17-годишната сестра ги однела струјата на околу 30 метри од брегот, од каде што ги набљудувал нивниот татко.

Братот се изморил од пливањето и почнал тешко да дише, а Ана се обидела да му помогне. Се удавила.

Две млади момчиња потоа скокнале во езерото и го извлекле 14-годишното момче на брегот. Подоцна, телото на Ана исто така беше пронајдено.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Карабињерите запленија 2.700 килограми кокаин, скриен во керамички банани

Пет работници загинаа во Палермо

(ВИДЕО) Триесетина повредени во несреќа на пристаниште во Италија

Горан Наумовски

Бројот на жртвите од експлозијата во хидроцентралата крај Болоња се зголеми на седум

Девојче од Србија е дрогирано и силувано во Рим

Еден од македонските туристи повредени во сообраќајката во Италија ќе биде опериран, другите се пуштени дома

Александар Тодески