Девојче од Србија до смрт ја избоде својата помала сестра во Лајпциг

Од:

Тринаесетгодишно девојче со нож ја уби својата седумгодишна сестра во Лајпциг, по што самата повикала брза помош.

Според информациите на германскиот весник БИЛД, се работи за семејство од Србија. Убиството се случило во петокот вечерта, кога родителите на девојчињата не биле дома.

Според информациите од истрагата, убиството било извршено со нож, а нападнатото девојче било пренесена во болница, каде набрзо им подлегнала на повредите, пишува германскиот весник.

Портпаролката на полицијата Жозефин Садер изјави за БИЛД дека 13-годишното осомничено девојче е во специјална институција.

Според информациите, таа сè уште не разговарала со надлежните органи, а засега не се познати околностите кои доведоа до убиството.

Според германскиот закон, лицата помлади од 14 години не се кривично одговорни, но судијата може да одлучи дека девојчето може да биде сместено во дом. Полицијата продолжува со расчистување на делото.

Би можело да ве интересира

Новата германска влада подготвува казна за Орбан

Пет малолетници истепани од осум машки лица на автобуска во Скопје

А1он

Германскиот парламент почнува со работа, АфД за прв пат најсилна опозиција

Крвав инцидент во Волково: Потстанар го убил газадата, па се самоубил

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Во Берлин трет неонацистички собир, се собраа и контрадемонстранти

ВИДЕО: Се урна мал авион во Германија, од остатоците извлечено шестгодишно девојче