Девојче од Финска умре откако испи премногу вода

Од:

Водата е најдравиот пијалок на светот, но и со неа не треба да се претерува.

12 годишно девојче од Финска од Оландските острови во близина на Шведска, умре откако за кратко време испи премногу вода.

Според пишувањето на весникот Aftonbladet, девојчето со другарите играла „воден покер“ каде тој што ќе ја изгуби партијата мора да испие чаша вода , така што таа за кратко време испила поголемо количество вода.

По неколку часа, на девојчето и се слошило и е пренесено во болница. Лекарите констатирале мозочна смрт и таа умре три дена подоцна.

Шефот на интензивна нега во шведската болница во Упсал каде што девојчето било примено објасни дека испивањето на премногу вода може да ја разреди крвта и да го намали нивото на сол во неа, што доведува до пумпање на водата во мозокот и до негово отекување.

 

Би можело да ве интересира

Финска: Затворањето на границите помогна да се избегнат тензиите со Русија

Девојче од Косово е рането во инцидентот во основно училиште во градот Ванта кај Хелсинки

Горан Наумовски

ВИДЕО: Почина едно од децата рането во пукањето во Финска

Катерина Ѓуровски

Пукање во училиште во Финска, ранети повеќе деца

Стоп за возилата со руски таблички во Финска

Финска има нов претседател