Најмалку девет лица загинаа во свлечиште предизвикано од обилните дождови во сиромашна импровизирана населба, во предградие на престолнината Гватемала, соопштија локалните власти.
Трагедијата се случи во вторникот навечер, во јужната населба Виља Нуева, кога камион исклизал од патот и удрил во група куќи, по што се влошило веќе постоечкото свлечиште, соопшти синоќа Давид де Леон, портпарол на националната служба за вонредни ситуации.
– Свлечиштето однесе девет животи. Едно лице е префрлено во болница, едно се смета за исчезнато, а 45 луѓе се засегнати од непогодата, изјави Де Леон.