Деветмина странци киднапирани од ИД во Либија

Од:

Група од деветмина странски работници, меѓу кои и еден Чех се киднапирани од страна на радикали од Исламската држава од нафтено поле во Либија, пренесоа чешките медиуми повикувајќи се на австриското Министерство за надворешни работи.

Како што јави дописникот на МИА од Прага, шефот на чешката дипломатија Лубомир Заоралек ја потврди информацијата, не соопштувајќи го идентитетот на чешкиот граѓанин, кој на органите им бил познат.

Во разјаснувањето на случајот е склучена чешката Влада и двајца искусни дипломати кои се обидуваат да воспостават дијалог со официјалните либијски органи, додека во Австрија е формиран Кризен штаб каде Чешка има свој преставник.

Освен чешкиот граѓанин киднапирани се и четири Филипинци, еден Австриец, две лица од Бангладеш и еден од Гана.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Драматичнa ситуација во Дерна: Илјадници трупови се распаѓаат под урнатините

На плажа во либискиот град Дерна пронајдени се 400 тела

(ВИДЕО) Морето исфрла тела на жртви од Дерна стотици километри подалеку

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Се стравува дека во Либија загинале 20.000 луѓе: „Бранот од седум метри урна згради во морето“

Уништените брани кои ја предизвикаа катастрофата во Либија ги изградија југословенски компании

(ВИДЕО) Либија: Морето постојано исфрла десетици тела

Горан Наумовски