Најмалку 11 загинати во земјотресот во Италија

Од:

Најмалку 11 лица загинаа, а голем број се повредени во силниот земјотрес кој утрово ја погоди Северна Италија.

Агенциите пренесуваат дека две лица загинаа во Сан Феличе, а уште една жртва е пронајдена во блиското место Мирандоли. Телевизијата РАИ, јавува дека се трага и по четворица работници затрупани во рушевините на едно складиште. Состојбата е многу сериозна, а под рушевините сеуште има затрупани луѓе.

Според Американскиот институт за геологија, земјотресот бил со јачина од 6 степени по Рихтер и бил најсилно почуствуван североисточно од Парма. Денешниот земјотрес бил почуствуван од Истра, па се до северозападниот дел на Хрватска.

Земјотресот предизвика голема паника во Италија. Милано, Болоња, Боцена, Тоскана, но и останатите градови како Венеција и Верона силно се тресеа. Земјотресот е почувствуван и во Словенија и Хрватска.

Во Милано граѓаните полека се враќаат во зградите.

Италијанските медиуми јавуваат дека паниката настанала поради тоа што земјотрес со иста јачина пред само една седмица го погоди овој реон. Тогаш беа забележани големи штети, седуммина загинаа, а над 50 лица беа повредени.

Тлото на Италија се тресе цела седмица. Затоа и сеизмолозите наведуваат дека овој земјотрес бил очекуван.

[nggallery id=47]

 

Би можело да ве интересира

Многу силен земјотрес ја погоди Португалија

Земјотрес во Србија

Земјотрес во Риека: Се тресеше тлото во Хрватска

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Триесетина повредени во несреќа на пристаниште во Италија

Горан Наумовски

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Земјотрес кај Чачак