Девет тела се пронајдени по пожарот во одморалиште за лица со посебни потреби во Франција

Од:

Девет тела се пронајдени во пожарот на одморалиште за лица со инвалидитет во Винтзенхајм, источна Франција, кој денеска беше зафатен од пожар, изјави главниот пожарникар.

Тој додаде дека се стравува дека починале уште две лица кои се сметаат за исчезнати, но нивните тела се уште не се пронајдени. Претходно медиумите, повикувајќи се на локалните власти, објавија дека се трага по 11 лица.

Пожар избувна утрово во одморалиште за лица со посебни потреби во градот Винценхајм кај Колмар во провинцијата Алзас. На местото на несреќата пристигнале 76 пожарникари и 40 припадници на жандармеријата. Тие успеаја брзо да го стават пожарот под контрола.

Седумнаесет лица се евакуирани, а едно од нив е пренесено во болница. Одморалиштето го изнајмила добротворна организација која се грижи за лицата со пречки во учењето, објави Франс 3.

Премиерката Елизабет Борн извести дека е на пат кон местото на несреќата. „Моите мисли се со жртвите и нивните најблиски“, објави таа на социјалните мрежи.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Напад на синагога во Франција, полицијата го уби напаѓачот

(ВИДЕО) Франција прогласи вонредна состојба во Нова Каледонија

Горан Наумовски

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Нови детали од оружениот инцидент во Франција, од непосредна близина пукале кон полицајците

Горан Наумовски

Франција ќе достави дополнителна воена помош за Украина

Нова Каледонија: Во протестите повредени се над 50 полицајци, опожарени се 50 продавници и 200 автомобили

Голема потера во Франција по избегани криминалци