Девет дами ќе се борат против корупцијата во Индонезија

Од:

Претседателот на Индонезија Јоко Видодо прилично ја изненанди домашната, но и меѓународната јавност со одлуката девет жени да биадт тимот што во оваа 255 милионска држава ќе се борат против корупцијата, која сеуште се смета најголемо зло, но и за „стил на живеење во Индонезија“.

Антикорупциската комисија е и моќно политичко тело во Индонезија, а со нејзините активности во последниве три години поради коруптивни афери во затворите лежат четворица поранешни министри, десетици високи джавни службеници и бизнисмени.

Претседателот Видодо го добрал тимот меѓу 40 кандидатки, а меѓу нив се веќе афирмирани правници, економисти, менаџерки и експерти о социологијата и јавната управа.

Новиот тим на Комисијата за борба против корупцијата ќе работи под супервизија на Државниот секретаријат, на чие чело е претседателот на Индонезија. Претходно, антикорупционерите беа под супервизија на министерството за правда, а оваа врска често раѓаше судир на интереси.

Сегашниот претседател на Комисијата Јохан Буди го поздрави потегот на претседателот Видодо, особено и поради тоа што во тимот нема личности кои на било кој начин се поврзани со до сега откриените коруптивни случаи. Тоа, според него, ќе им олесни на антикорупционерите да носат одлуки што не ќе зависат од волјата на политичката и бизнис елита.

Аналитичарите потсетуваат и на големото политичко влијание на Комисијата за антикорупција. Така, само поради тоа што е на список на осомничени за корупција, иако без завршен процес, еден од кандидатите за шеф на индонезиската полиција, иако беше предложен лично од претседателот Видодо, не доби виза да стане прв полицаец во државата.

Би можело да ве интересира

Одрон во близина на илегален рудник во Индонезија, загинаа 12 лица

Лава и поплави ја погодија Индонезија, најмалку 37 загинати

Горан Наумовски

ВИДЕО: Вулканот Руанг повторно еруптираше, прогласено е највисоко ниво на тревога

Вулкан еруптираше пет пати за 24 часа: Се прават итни подготовки за евакуација на 10.000 луѓе

ВИДЕО: Еруптираше вулкан во Индонезија, стотици евакуирани

Катерина Ѓуровски

Двајцата пилоти заспале за време на лет во Индонезија, во авионот имало 153 патници