Деструктивен и неоправдан чекор – Русија реагира на најавата за нови американски војници во Европа

Од:

Русија ја осуди одлуката на САД да испратат дополнителни воени сили во Европа како поддржак на НАТО сојузниците.

Пентагон соопшти дека 2.000 американски војници од Северна Каролина ќе бидат распоредени во Полска и во ГЕрманија, а дополнителни 1.000 кои што се веќе во Германија ќе одат во Романија. Русија на границата со Украина има околу 100.000 војнии и негира дека планира инвазија на земјата.

Во одговор на ваквата одлука, од руското министерство за надворешни работи велат дека ова е деструктивен и неоправдан чекор.

Заменикот министер за надворешни работи, Александар Груѓко вели дека украинските власи биле „воодушевени“ од ваквата одлука затоа што како што вели ќе можеле „неказнето“ да го прекршуваат догворот од Минск.

Пентагон соопшти дека американските војници нема да се борат во Украина, туку ќе ја осигураат одбраната на сојузниците на САД.

Би можело да ве интересира

Смирнов ја повика Русија да отвори истрага против Зеленски за тероризам

Кулеба: Повеќе од половина од енергетскиот систем на Украина е оштетен во нападите на руските сили

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтер го погоди Лос Анџелес

(ВИДЕО) Полицијата во САД усмрти ученик пред училиште откако доби информација дека има пиштол

Хамас: САД вршат притисок да го прифатиме договорот со Израел

А1он

Вучиќ за негодувањето на САД што нови министри се на американската црна листа: Тоа е изборот на граѓаните на Србија

Предраг Петровиќ